Отворениот повик за промотивни услуги е во рамки проектот на „Механизам за набљудување на странски директни инвестиции – зачувување на безбедноста и јавниот ред на Западен Балкан” – (Investment Screening Mechanism – preserving security and public order in the Western Balkans) финансиран од Центарот за меѓународно приватно претпријатие имплементиран од Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот февруари 2023 – март 2024.
- Опис на проектот
Институт за демократија „Социетас цивилис” – Скопје (ИДСЦС) ќе работи на поддршка на институциите за воспоставување на механизам за набљудување на странски директни инвестиции преку сеопфатна консултација со засегнати страни и зголемување на капацитетите на вклучените актери со квалитетни информации и експертиза за ваков вид на механизам.
- Делокруг на работа
За потребите на проектот потребно е спроведување на комуникациска кампања која ќе се фокусира на промоција на алатките и продуктите произлезени од проектот преку нивно поставување на дигитални платформи.
Кампањата има за цел да ја зголеми свеста за странските директни инвестиции кај различните целни групи, вклучително и пошироката јавност. Поточно, да ги запознае заинтересираните страни и јавноста со потребата за воспоставување и спроведување на планираниот правен акт со кој ќе се регулира влезот на странските директни инвестиции во Северна Македонија.
- Производи за промоција
- Изработка на веб алатка за обработка на бази на податоци за странски директни инвестиции за Западен Балкан, вклучително и обука на проектниот тим за употреба на алатката, одржување и консолидирање на базите на податоци и нивна надградба со нови податоци (по потреба)
- Анимирано видео за промоција на алатката и презентирање на бенефитите од нејзината употреба
- Таргетирана промоција и спонзорирање на истражувачките продукти од проектот, вклучувајќи новинарски текстови, експертски анализи и истражувачка сторија на социјалните мрежи на Институтот за демократија
- Временска рамка
Испорака на услугите ќе се случува во временската рамка: од 04 март 2024 до 31 март 2024. Поединечните временски рокови за секој производ одделно ќе биде тековно договорен меѓу ИДСЦС и понудувачот.
- Надомест
Договорениот надоместок за изработка на апликацијата ќе биде исплатен на два еднакви делови. 1. По потпишување на договорот за изработка меѓу ИДСЦС и добавувачот 2. По испорака на сите сегменти во апликацијата
- Потребни документи
Набавката е делива. За истата може да аплицират и физички и правни лица.
За правни лица:
1. Тековна состојба од Централен регистар на Р. Северна Македонија (не постара од 6 месеци од денот на аплицирање);
2. Портфолио со со претходно слични ангажмани;
3. Понуда и финансиски предлог.
За физички лица:
1. CV на лицето кое е носител на апликацијата
2. Портфолио со претходно слични ангажмани;
3. Понуда и финансиски предлог.
- Достава нa апликација
Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за промотивни услуги, не подоцна од 29ти февруари (четврток) (23:59ч.) 2024г. ИДСЦС ќе го извести избраниот кандидат не подоцна од 4ти март 2024г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само предселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
Целиот повик може да го погледнете тука: