fbpx
logo

Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во Собрание

Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување, наменета за вработените во Собранието, вработени позајмени на Собранието од други институции, кои имаат интерес за професионално усовршување и развој, односно интерес за магистерски студии на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје во академска 2023/2024 година или интерес за посета на обука или курс.

Швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување се реализира во рамките на Програмата за Парламентарна Поддршка, финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка преку Швајцарска Амбасада во Македонија и е администрирана од Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје.

Ги повикуваме заинтересираните вработени во Собранието на Република Северна Македонија, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат на повикот.

Деталите за стипендијата, начинот на спроведување и постапката за аплицирање можете да ги најдете во програмата прикачена во прилог.

Апликацијата и сите документи од кои се состои потребно е да ја испратите на адресата на администраторот joana@idscs.org.mk со назнака Апликација за швајцарска стипендиска програма, не подоцна од 4ти февруари (недела) 23:59ч.

Нецелосните и апликациите доставени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Доколку имате потреба од дополнителни информации, ве молам контактирајте не на joana@idscs.org.mk.

Доколку сте вработен/а во Собранието на Република Северна Македонија и сакате да аплицирате за стипендија за обука или курс, преземете ги следните документи:

Апликација за професионален развој

Повик

Табела на студиски програми за курсеви и обуки

 

Доколку сте вработен/а во Собранието на Република Северна Македонија и сакате да аплицирате за стипендија за магистерски студии на УКИМ, преземете ги следните документи:

Апликација за професионален развој

Повик

Конкурс на УКИМ

Поврзани објави