fbpx
logo

Работилница „Берлински процес по Тирана 2023? Редефинирање на улогата на граѓанското општество“ одржана во Скопје

Институтот за демократија на 11 декември 2023 година, ја организираше затворената работилница, под Chatham House правила, „Берлински процес по Тирана 2023? Редефинирање на улогата на граѓанското општество“, поддржана од Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан.

На настанот идеите, искуствата и знаењата беа споделени помеѓу избрана група на граѓански организации и владини претставници од регионот на Западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово) и земјите-членки на ЕУ со соодветно познавање и експертиза за Берлинскиот процес.

Работилницата беше отворена со панел на кој се дискутираше за досегашната улога на граѓанското општество и улогата која ќе ја има во рамки на Берлинскиот процес. Втората панел дискусијата навлезе во детално испитување на потенцијалниот механизам за следење на обврските преземени од владите. Овие два панели обезбедија платформа за учесниците да дискутираат за досегашните резултати од Форумот за граѓанско општество 2023 (Форум ’23) и да ги споделат своите перспективи и идеи за потенцијалните подобрувања.

Настанот имаше за цел да се надоврзе на Форумот ’23 кој се одржа во Тирана во 2023 година и да ги истражи предизвиците и можностите за граѓанското општество во рамките на Берлинскиот процес. Темите за кои се разговараше вклучуваа препораки за усовршување на улогата на граѓанското општество во Берлинскиот процес, потенцијални механизми за следење на спроведувањето на обврските преземени од владите и улогата на парламентите.

Овој настан е дел од проектот „Берлинскиот процес по Тирана 2023? Редефинирање на улогата на граѓанското општество“ проект кој има за цел критички да ја процени ефективноста на Форумот на граѓанско општество досега и да ги истражи начините за редефинирање и зајакнување на улогата на граѓанското општество во рамките на Берлинскиот процес.

Поврзани објави