logo

Повик за изработка на веб апликација за антикорупција

Отворен повик за изработка на веб апликација за антикорупција, во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“, финансирана од Американската агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија УСАИД, предводена од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС), Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија, Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа, Македонија (БИРН).

Опис на проектот

Институт за демократија „Социетас цивилис” – Скопје (ИДСЦС) е партнер во програмата „Граѓаните против корупцијата“. Општа цел на програмата е да се зголеми вклученоста и соработката на граѓаните, граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор во борбата против корупцијата, што ќе доведе до подобрување на реакцијата на државните институции и ефективност во справувањето со корупцијата во сите сектори на национално и локално ниво.

Делокруг на работа

Ангажманот во рамки на повикот предвидува да се изработи веб апликација за антикорупција. Апликацијата треба да биде прогресивна веб-апликација (PWA) хостирана на поддомен на idscs.org.mk, дизајнирана за известување и реагирање на тековните проблеми, се поврзува со услугите за е-пошта на корисниците, нуди корисничко искуство кое ги комбинира услугите на апликацијата и безбедноста на податоците .

Производи за испораки

  • Креирање на прогресивна веб-апликација (PWA) хостирана на поддомен на idscs.org.mk
  • UX и UI на апликацијата
  • Тестирање и одржување на апликацијата

 

Временска рамка

Испорака на услугите ќе се случува во период од шест месеци од потпишување на договорот. Поединечните временски рокови за секој производ одделно ќе биде тековно договорен меѓу ИДСЦС и понудувачот во зависност од динамиката на креирање на апликацијата.

Доставување на документите

Наведените документи треба да се достават преку електронска пошта, на адресата contact@idscs.org.mk со назнака: Апликација за изработка на веб апликација за антикорупција.  Прашања во врска со повикот можете да поставите најдоцна до 29 декември на адресата martina@idscs.org.mk. Повикот е отворен за аплицирање до 10 јануари 2024г. во 23:59 часот.

Целиот повик и техничката спецификација може да ги погледнете тука:

Повик за изработка на веб апликација за антикорупција

Продолжување на рокот за доставување на документи

Поврзани објави