Отворениот повик за експерт за Антикорупциската проверка на легислативата, e во рамки на Програмата за парламентарна поддршка – финансирана Швајцарска агенција за развој и соработка преку Амбасада на Швајцарија во Северна Македонија, а имплементиран од Национален демократски институт (НДИ), Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) и Центар за управување со промени (ЦУП).
Делокруг на работа
- Креирање на тренинг модули, агенда и презентациски материјали за тридневна работилница за користење на методологија на антикорупциска проверка на легислативата (АПЛ);
- Одржување тродневна работилница за пратениците и собраниската служба за методологијата на антикорупциска проверка на легислативата, преку теоретски предавања и практични вежби, која ќе резултира си изготвен АПЛ на позитивен предлог или нацрт закон/пропис;
- Тековно консултирање на проектниот тим во однос на сите чекори од спроведувањето на активностите;
- Доставување на еден периодичен и еден финален извештај за напредокот во спроведувањето на активноста во формат зададен од ИДСЦС.
Сите активности ќе бидат имплементирани во координација со проектниот тим на ИДСЦС. Работни јазици на овој ангажман се македонски и англиски јазик.
Испораки:
- Креирање на тренинг модули, агенда и презентациски материјали за тридневна работилница за користење на методологија на антикорупциска проверка на легислативата (АПЛ);
- Одржување тродневна работилница за пратениците и собраниската служба за методологијата на антикорупциска проверка на легислативата, преку теоретски предавања и практични вежби, која ќе резултира си изготвен АПЛ на позитивен предлог или нацрт закон/пропис;
Временска рамка:
Периодот предвиден за реализирање на испораките: декември 2023 – декември 2024.
Достава на апликација
Апликацијата (професионално резиме и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk или лични/преку пошта во затворен плик на адреса: Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, Мирослав Крлежа 52/2, 1000 Скопје. Наслов/Назнака: експерт за Антикорупциската проверка на легислативата, не подоцна од 10 декември 2023 година, 23:59 часот. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само предселектираните кандидати ќе бидат контактирани.
Целиот повик може да го погледнете тука: