fbpx
logo

Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во ДЗР

Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување, наменета за вработените во Државниот завод за ревизија, кои имаат интерес за професионално усовршување и развој, односно интерес за докторски студии на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје во академска 2023/2024 година или интерес за посета на обука или курс.

Швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување се реализира во рамките на Програмата за Парламентарна Поддршка, финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка преку Швајцарска Амбасада во Македонија и е администрирана од Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје.

Ги повикуваме заинтересираните вработени во Државниот завод за ревизија, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат на повикот.

Деталите за стипендијата, начинот на спроведување и постапката за аплицирање можете да ги најдете во програмата прикачена во прилог.

Апликацијата и сите документи од кои се состои потребно е да ја испратите на адресата на администраторот joana@idscs.org.mk со назнака Апликација за швајцарска стипендиска програма, не подоцна од 10ти декември (недела) 23:59ч.

Нецелосните и апликациите доставени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Доколку имате потреба од дополнителни информации, ве молам контактирајте не на joana@idscs.org.mk.

Доколку сте вработен/а во Државниот завод за ревизија и сакате да аплицирате за стипендија за обука или курс, преземете ги следните документи:

 

Доколку сте вработен/а во Државниот завод за ревизија и сакате да аплицирате за стипендија за докторски студии на УКИМ, преземете ги следните документи:

Поврзани објави