Отворениот повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење и пазар, за спроведување на телефонска бизнис-анкета се спроведува во рамки на проектот „Спроведување на заеднички решенија за борба против корупција и добро управување во Југоисточна Европа: Иновативни практики и јавно-приватни партнерства“ (Implementing shared anticorruption and good governance solutions in Southeast Europe: Innovative practices and public-private partnerships), финансиран од Норвешки грантови – фонд за регионална соработка, имплементиран од Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС).
Делокруг на работа
Ангажманот во рамки на повикот предвидува да се спроведе телефонска бизнис-анкета. Анкетата треба да се спроведе помеѓу компании чија што дејност е во областа на малопродажба на прехранбени производи.
Производи за испораки
- Спроведување на телефонска бизнис-анкета со компании кои работат во дејноста на малопродажба на прехранбени производи. (Прашалникот во целост го обезбедува ИДСЦС)
- Дистрибуција на целосната база на добиени податоци до ИДСЦС за понатамошни анализи
Временска рамка
Испорака на услугите ќе се случува во период од еден месец од потпишување на договорот. Поединечните временски рокови за секој производ одделно ќе биде тековно договорен меѓу ИДСЦС и понудувачот во зависност од динамиката на креирање на податоците.
Доставување на документите
Наведените документи треба да се достават преку електронска пошта, на адресата contact@idscs.org.mk со назнака: Апликација за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење и пазар. Прашања во врска со повикот можете да поставите најдоцна до 26 октомври на адресата martina@idscs.org.mk. Повикот е отворен за аплицирање до 30 октомври 2023. во 23:59 часот.
Целиот повик може да го прочитате тука:
Повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење и пазар