fbpx
logo

Формирање втора државна лотарија, ризици од корупција

Обложувањето е доста профитабилен бизнис во државата, што покажува големиот број на објекти за организирање игри на среќа но и профитот кој што го остварила Државната лотарија во периодот од 2019 -2021 година. Во споменатите години, акционерското друштво Државна лотарија остварило добивка од над 17 милиони евра, односно 4.9 милиони евра во 2019 година , 6.5 милиони евра во 2020 и во 2021 година 5.8 милиони евра. Економскиот бенефит предизвикува голем интерес за организирање на игри на среќа, но наспроти добивката има и низа негативни последици како што се влијание на менталното здравје и создавање на зависност.

Државите го регулираат организирањето и учеството во игрите на среќа со цел да го заштитат јавниот интерес и правата на граѓаните, но и да воспостават контрола над играчкиот пазар како и да спречат нелегални активности. Организирањето на игри на среќа во различните земји се разликува во зависност од законската регулатива која ја опфаќа оваа област. Организаторите на игри на среќа мора да ги исполнуваат законските услови и да ги следат стандардите за безбедност, како и да ги заштитат правата на играчите. Овие услови можат да вклучуваат лиценци, дозволи и регистрации, соодветни финансиски гаранции, редовна инспекција од страна на органи на државата итн.

Поттикот за пишување на овој документ е најавата од страна на првиот Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби дека ќе се формира нова државна лотарија, која ќе биде конкуренција на веќе постојната. Со изјавата јавноста прв пат се соочи со идејата за нова лотарија, иако една година пред изјавата се започнати подготовките за формирање на ново  државното претпријатие и е официјално формирано во април 2023 година.

Формирање втора државна лотарија, ризици од корупција

Поврзани објави