logo

Интегритет на носење одлуки: системски пропусти во случајот Бехтел Енка

Share on facebook
Share on twitter

Институтот за демократија организираше настан кој се фокусираше на системските пропусти поврзани со изградбата на автопатиштата од коридорите 8и 10д од страна на конзорциумот Бехтел и Енка.

На настанот се констатираше дека на целата постапка и недостасуваат детални и длабински проверки на субјектите кои конкурираат на јавните тендери. Таквите проверки се пропуштени во овој случај и покрај тоа што се работи за тендери од милионски суми. Сепак, со заобиколувањето на процесот на процена на влијанието на регулативата пропуштено е спроведување на структуриран процес на консултации со најразличните засегнати страни при подготовката на законското решение. Со тоа е прекршен и Деловникот за работа на Владата. 

Потребен е поголем притисок за употреба на заштитните механизми за кои недостасува имплементација, со цел да се превенира експлоатацијата на процедуралните слабости и креирање специјални закони или измена на закони кои даваат определена привилегија при што се избегнува потенцијална кривична одговорност во иднина.

Погледнете го краткиот документ од настанот ,,Интегритет на носење одлуки: системски пропусти во случајот Бехтел Енка“  во прилог:

Интегритет на носење одлуки: системски пропусти во случајот Бехтел Енка

Поврзани објави