logo

Повик за истражувач/ка во Институт за демократија

Share on facebook
Share on twitter

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), распишува оглас за вработување истражувач/ка со целосно работно време (40 часа неделно) за период од 1 година со можност за продолжување на времетраењето на ангажманот.

Работните обврски ќе бидат:

  • Поддршка на постарите истражувачи при имплементација на проектни активности и развивање на истражувачки продукти, проектни апликации на ИДСЦС;
  • Редовно обезбедување податоци, анализи и извештаи за потребите на центарот;
  • Пишување документи за јавни политики;
  • Редовно и навремено комуницирање со комуникацискиот офицер и одделението за финансии и администрација;

 

Потребни знаења и вештини:

  • Tековни или завршени постдипломски студии од областите на општествените науки, како политички науки, меѓународни односи, економија, социологија или право;
  • Најмалку 3 (три) години работно искуство во најмалку едно релевантно подрачје на законодавна власт, регионална соработка на пр.антикорупција, владеење на право итн.
  • Напредни познавања за развивање проектни апликации, управување со проектен циклус и подготовка на наративни извештаи;
  • Средно ниво на познавања на пишување документи за јавни политики;
  • Средно ниво на познавања на квалитативни и квантитативни методи за истражување и почетно практично искуство;
  • Средно ниво на познавања на софтверски алатки за обработка на податоци и визуелизација на податоци и почетно практично искуство;
  • Одлично познавање на Мајкрософт офис;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

 

Предност ќе имаат кандидати со добри познавања во теорија и пракса на процес на носење/креирање на политики и основни познавања за застапување на политики, како и кандидати кои имаат искуство во раководење на проектен циклус. Работниот ангажман ќе се спроведува почнувајќи од 1 јуни 2023.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) во ЕУ формат на и мотивациско писмо на македонски јазик на адресата: contact@idscs.org.mk најдоцна до 28 мај (недела – 23:59ч.) 2023г со назнака: Апликација за истражувач 0401/133-1. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само предселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Целиот повик може да го погледнете тука:

Повик за истражувач/ка во институтот за демократија

Поврзани објави