logo

Европа во криза. Последиците врз јавното мислење во Северна Македонија

Share on facebook
Share on twitter

Две третини од вкупниот број на испитаниците (65%) не се согласуваат со уставни измени неопходни за комплетирање на фазата за отворање на преговорите за членство. Следено според етничка припадност, цврсто мнозинство од 80% на етнички Македонци се против уставни измени. Додека пак, 53% од испитаници идентификувани како етнички Албанци даваат поддршка на уставните измени.

Испитаниците се поделени околу ставот дека ‘нападот врз Украина е реакција на провокациите на НАТО кои Русија не можеше да ги игнорира’. Половина (51%) од испитаниците во одредена мера се согласуваат со оваа теза, додека 38% не се согласуваат. Мнозинство од испитаниците (55%) целосно се согласуваат дека само преговори, а не победа на Русија или Украина се решение за војната.

Третина од испитаниците (32%) сметаат на ЕУ како најголем сојузник на државата, по која следи САД со 17%. Трет посочен сојузник е соседна Србија со 10%, пред Русија и Германија со 9% и Турција со 7%.

Целото истражување може да го прочитате на следниот линк:

Европа во криза. Последиците врз јавното мислење во Северна Македонија

Поврзани објави