Главната цел на проектот е да им помогне на клучните актери во земјите на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, и да им овозможи пристап до квалитетни информации и експертиза за политиките и најдобрите инвестициски практики.
Во почетната фаза на проектот, ИДСЦС активно ќе се залага за формирање на работна група на ниво на Влада, која ќе започне со изработка на предлог-законско решение за скрининг на странските директни инвестиции во Северна Македонија. За да се постигне оваа цел, проектниот тим ќе спроведе студиска посета во Брисел на одредена група на експерти и ќе оствари неколку состаноци со клучни актери и релевантни институции. Овие состаноци ќе придонесат за осмислување на јавни политики суштински за воспоставување и спроведување на планираниот правен акт со кој ќе се регулира Механизмот за скрининг на странските директни инвестиции во Северна Македонија.
Податоците поврзани со странските инвестиции во Западен Балкан ќе бидат јавно достапни и промовирани преку кампања. Оваа кампања ќе има за цел да ја зголеми свеста за странските директни инвестиции кај различните целни групи, вклучително и пошироката јавност. Покрај тоа, таа ќе придонесе да дојдат до израз главните прашања и препораки кои ќе произлезат од заедничките напори на работната група и проектниот тим на ИДСЦС.
Резултатите од проектот ќе бидат ефективно комуницирани и пренесени преку различни канали, вклучително и дебатни епизоди, видео, табла за визуелизација и истражувачка сторија фокусирана на странски директни инвестиции.
Период на имплементација: февруари 1, 2023 – март 31, 2024
Донатор: Центар за меѓународно приватно претпријатие (CIPE)
Одобрен фонд на средства: $93.174
Продолжување на проектот
Име: „Поддршка на инклузивно законодавство: Механизам за проверка на странски директни инвестиции – Зачувување на безбедноста и јавниот ред во Западен Балкан“
Целта на проектот е да го поддржи развојот и усвојувањето на механизам за проверка на странски директни инвестиции во Северна Македонија. Овој механизам е од клучно значење за заштита на националната безбедност, зачувување на јавниот ред и усогласување на политиките за инвестиции со стандардите на ЕУ , чекор кој е суштински за напредокот на земјата кон членство во Унијата.
Надоврзувајќи се на претходните активности кои поттикнаа национален дијалог и формирање на владина работна група, ИДСЦС ќе продолжи да работи на четири основни столба: политички ангажман, техничка поддршка во изработка на законот, вклучување на невладини чинители и активности за обука и комуникација.
Во првата фаза, ИДСЦС ќе спроведе политички ангажман со новите владини претставници, обезбедувајќи континуитет на законодавниот процес и одржување на постоечкиот замав. Паралелно, ќе биде формирана техничка работна група составена од институционални претставници и експерти, која ќе започне со изработка на нацрт-законот за механизмот, користејќи добри практики и претходно стекнато знаење.
Проектот ќе вклучи и претставници од бизнис асоцијации, правна фела, граѓански организации и медиуми преку консултации со чинители и регионална работилница. Коментарите и предлозите од овие активности ќе бидат систематизирани во извештај и ќе бидат доставени до владината работна група. Дополнително, странски експерти од Чешка ќе учествуваат во високо ниво разговори во Скопје, нудејќи техничка експертиза базирана на чешкото искуство со механизмот.
Проектот вклучува и комуникациска кампања со цел да се зголеми јавната свест и поддршка, преку стручни текстови во економски списанија, ажурирање на визуелната платформа за ФДИ податоци и емитување на прилози на национални телевизии кои ја истакнуваат важноста на механизмот за проверка на инвестиции.
Период на имплементација: септември 1, 2024 – октомври 31, 2025
Донатор: Центар за меѓународно приватно претпријатие (CIPE)
Одобрен фонд на средства: $67.401,95
Настани поврзани со проектот
Визуелизација на странски директни инвестиции во Западен Балкан 2012-2022
30.05.2024Истражете ја динамиката на странските директни инвестиции (СДИ) во регионот...