fbpx
logo

Повик за швајцарска стипендиска програма 2023

Во период од 20 јануари до 3 февруари 2023 година отворен е повик за аплицирање за Швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување, наменета за вработените во Собранието на Република Северна Македонија, кои имаат интерес за професионално усовршување и развој, односно интерес за втор циклус студии во втор уписен рок во академска 2022/2023 година.

Стипендиската програма за упис на втор циклус на студии во вториот уписен рок се однесува на програмите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

Швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување се реализира во рамките на Програмата за Парламентарна поддршка, финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка преку Швајцарска Амбасада во Северна Македонија и е администрирана од Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје.

Ги повикуваме заинтересираните вработени во Собранието на Република Северна Македонија, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат на повикот. Деталите за стипендијата, начинот на спроведување и постапката за аплицирање можете да ги најдете во програмата прикачена на линкот подолу.

Апликацијата и сите документи од кои се состои потребно е да ја испратите на адресата на администраторот contact@idscs.org.mk со назнака Апликација за швајцарска стипендиска програма, не подоцна од 3 февруари (петок) 23:59ч. Нецелосните и апликациите доставени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

За сите дополнителни прашања обратете се до администраторот на стипендиската програма – Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС), Никола Донев nikola@idscs.org.mk.

Повик за програма за доделување стипендија

Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии во втор уписен рок на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2022/2023 година

Апликација за професионален развој

 

Поврзани објави