Институт за демократија во рамки на својата работа има потреба од ангажирање на дизајнер за испорачување на повеќе видови на дизајнерски услуги.
Делокруг на работа
Ангажманот во рамки на повикот предвидува дизајн на повеќе типови на продукти поврзани со резултати од различни проекти кои што ги спроведува Институт за демократија, како инфографици, дизајн на публикации и визуелни решенија за социјални медиуми.
Производите ќе бидат изработени во соработка со проектниот тим на ИДСЦС. Целта на графичко-визуелните решенија е креативно претставување на наодите и препораките од проектите за истите да се доближат до крајните корисници – граѓаните.
Временска рамка
Поединечните временски рокови за секој производ одделно ќе биде тековно договорени меѓу ИДСЦС и понудувачот.
Производи за испорака:
Дизајн на публикации, инфографици, гифови, снипети, банери, видеографици, мокапи, агенди, папки, тефтери и други дизајнерски продукти.
Сопственост
Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на ИДСЦС. Понудувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од ИДСЦС.
Потребни документи:
За правни лица:
- Финансиска понуда по продукти (пополнување на ексел табела)
- Портфолио;
- Тековна состојба од Централен регистар на Р. Северна Македонија;
За физички лица:
- Финансиска понуда по продукти (пополнување на ексел табела)
- Портфолио
Достава на апликација
Потребните документи треба да бидат испратени во електронска форма на atanasova@idscs.org.mk со наслов: Апликација за дизајнерски услуги, не подоцна од 27.12.2022 (вторник, 23:59ч.) ИДСЦС ќе ги контактира само понудувачите кои ја поминале фазата на предселекција.
Целиот повик може да го погледнете тука: