logo

Порталот ZOOM.mk ги прекршил етичките и професионалните стандарди во текст против граѓанското општество 

Share on facebook
Share on twitter

Поаѓајќи од својата визија за Македонија како високо развиена демократија на слободни граѓани ИДСЦС ја поздравува одлуката на Советот за етика во медиумите против порталот zoom.mk (уредник Насер Селмани) за прекршување на член 1 од Кодексот на новинарите на Македонија.

Шпекулативни, злонамерни и пропагандистички новинарски текстови создаваат неслободни граѓани, заробено општество и клиентелистички медиуми и против овие уреднички пракси не смее да има компромис во здрав медиумски простор.

Во текстот „Ќе секнат ли ЕУ фондовите за здруженијата кои се против францускиот предлог?„ порталот го наруши угледот и кредибилитетот на Институтот за демократија, Институтот за европски политики и дел од највлијателните граѓански здруженија кои во заедничка реакција побараа поголема транспарентност за „францускиот предлог“,  етикетирајќи ги за проруски и анти-ЕУ агентури.

„Разбирањето“ на новинарството од страна на zoom.mk може да го погледнете во нивниот одговор на жалбата од ИДСЦС.

Поврзани објави