Во период од 18 јули до 4 септември 2022 година отворен е повик за аплицирање за Швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување, наменета за вработените во Собранието на Република Северна Македонија, кои имаат интерес за професионално усовршување и развој, односно интерес за магистерски и докторски студии во академска 2022/2023 година.
Стипендиската програма за упис на втор и трет циклус на студии се однесува на програмите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје и универзитетот на Југоисточна Европа.
Швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување се реализира во рамките на Програмата за Парламентарна Поддршка, финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка преку Швајцарска Амбасада во Северна Македонија и е администрирана од Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје.
Ги повикуваме заинтересираните вработени во Собранието на Република Северна Македонија, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат на повикот.
Деталите за стипендијата, начинот на спроведување и постапката за аплицирање можете да ги најдете во програмата прикачена на линкот подолу.
Апликацијата и сите документи од кои се состои потребно е да ја испратите на адресата на администраторот contact@idscs.org.mk со назнака Апликација за швајцарска стипендиска програма, не подоцна од 4 септември (недела)23:59ч. Нецелосните и апликациите доставени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.
За сите дополнителни прашања обратете се до администраторот на стипендиската програма – Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС), Александра Јовевска Ѓорѓиевиќ aleksandra@idscs.org.mk.
Повик за програма за доделување стипендија
Апликација за професионален развој