logo

Повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење и пазар

Share on facebook
Share on twitter

Отворениот повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење и пазар, за спроведување на телефонска бизнис-анкета се спроведува во рамки на проектот „Спроведување на заеднички решенија за борба против корупција и добро управување во Југоисточна Европа: Иновативни практики и јавно-приватни партнерства“ (Implementing shared anticorruption and good governance solutions in Southeast Europe: Innovative practices and public-private partnerships), финансиран од Норвешки грантови – фонд за регионална соработка, имплементиран од Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС).

Делокруг на работа

Ангажманот во рамки на повикот предвидува да се спроведе телефонска бизнис-анкета. Анкетата треба да се спроведе помеѓу компании чија што дејност е во областа на земјоделието, како и компании кои работат со увоз и извоз на земјоделски производи.

Производи за испораки

  • Спроведување на телефонска бизнис-анкета со компании кои работат во дејноста на земјоделието. (Прашалникот во целост го обезбедува ИДСЦС)
  • Дистрибуција на целосната база на добиени податоци до ИДСЦС за понатамошни анализи.

 

Временска рамка

Испорака на услугите ќе се случува во период од еден месец од потпишување на договорот. Поединечните временски рокови за секој производ одделно ќе биде тековно договорен меѓу ИДСЦС и понудувачот во зависност од динамиката на креирање на податоците.

Надомест

Вкупниот надомест за извршените услуги не ја надминува сумата од 166 576 (сто шеесет и шест илјади петстоини седумдесет и шест) денари.

Доставување на документите

Наведените документи треба да се достават преку електронска пошта, на адресата contact@idscs.org.mk со назнака: Апликација за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење и пазар. Прашања во врска со повикот можете да поставите најдоцна до 20 јули на адресата ivana@idscs.org.mk. Повикот е отворен за аплицирање до 10 август.2022г. во 23:59 часот.

 

Целиот повик може да го прочитате тука:

Повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење и пазар

Поврзани објави