logo

ИДСЦС го осудува насилството на протестите: Општествениот консензус треба да се изгради преку разумен и информиран дијалог

Share on facebook
Share on twitter

Институт за демократија го осудува насилството и говорот на омраза на вчерашните протести и ги повикува граѓаните да останат смирени и да се воздржат од насилство.

Мирни протести се основа на секоја демократија. Граѓаните имаат право да го искажат своето мислење преку протест, но не и право да се вклучуваат во деструктивни и насилни акти.  Надлежните институции треба да ги преземат сите мерки за санкционирање на насилството и да спречат понатамошна ескалација.

Апелираме до сите политичари и политички партии да преземат активности во насока на смирување на тензиите.

Недозволиво е здравата критика на актуелните случувања да се злоупотребува од поттикнувачи на насилство. Просторот за јавна дебата не смее да се гуши под превезот на поттик за поларизација на општеството.

Општествениот консензус за една од најважните одлуки кои Македонија треба да ги донесе треба да се изгради преку разумен и информиран дијалог.

Поврзани објави