Институт за демократија „Социетас Цивилис“, денеска одржаа онлајн дискусија: „Именување по мерит: Што да очекуваме од законот за висока раководна служба“
Настанот е организиран во рамки на проектот „Поттикнување на јавната дебата за антикорупција“ поддржан од Националниот фонд за демократија. Проектот цели кон поддржување на реформскиот процес во Северна Македонија преку зајакнување на реформската агенда во областа на владеењето на правото.
Целта на настанот беше да отвори дискусија за процесот на назначувања во високата раководна служба и колку тие се според системот на вредности и заслуги. Дискусијата ќе се осврне и врз претстојниот Закон за висока раководна служба и плановите за негово носење.
На настанот ќе се обратија Адмирим Алити, Министер за информатичко општество и администрација, Неда Малеска-Сачмароска, Извршна директорка на Центарот за управување со промени и Миша Поповиќ, Раководител на Центарот за добро управување при Институт за демократија.
Воведно обраќање на настанот имаше министерот Алити кој ги поздрави активностите и истакна:
„ Во насока на целосна деполитизација на администрацијата и воспоставување на систем на заслуги на процедурите за вработување во изминатиот период се подготвени три закони: Закон за висока раководна служба; Закон за вработените во јавниот сектор ; Закон за административни службеници. Овие три закони кои се меѓусебно поврзани се основа за целосно исклучување на политички влијанија но и секој друг облик на влијание во постапките за вработување во институциите од јавен сектор. ЗВРС е нов закон во правниот систем на нашата држава, кој треба да овозможи деполитизација на администрацијата од врвот на пирамидата. Законот треба да обезбеди постигнување на две клучни цели:
- Професионални високи раководители, избрани преку отворена и меритократска постапка врз основа на нивните професионални компетенции
- воспоставување на односи на доверба и одговорност помеѓу политички избраните и именуваните лица и високите раководители.
Предложениот модел се заснова на начелата на рационалност, демократичност и транспарентност. Овие принципи се основа за градење на професионална и политички неутрална администрација“.
Неда Малеска-Сачмароска се повика на меѓународни примери каде што веќе се имплементира процесот на висока раководна служба:
„Прашањето на професионализација на структурата би значело дека ќе ги имаме најдобрите кадри кои можат да имплементираат поуспешни, поефикасни политики за граѓаните.
Во земјите членки на ОЕЦД околу 75% од земјите веќе вовеле висока раководна служба и голем дел од дебатите се одвиваат во однос на ефикасноста на администрацијата е практично улогата и важноста на овие раководни структури, односно начинот на кој што се управувани институциите.
Прашањето е да не го закочиме процесот на изборот и именување, за да можат да функционираат институциите а сепак да обезбедиме отвореност и конкурентност. Многу е важно овие практики да ги почнеме час поскоро и да демонстрираме дека сме и ние подготвени да направиме исчекор во ова важно прашање“ Потенцираше Малеска-Сачмароска.
Миша Поповиќ фокусот го стави на просецот во Северна Македонија: „ Од самиот почеток Законот за висока раководна служба е идејата за департизација на топ левел менаџментот, односно високата раководна служба. Односно да се изградат системи кои ќе обезбедат контрола од притисокот или потребата за клиентелистичко именување на овие раководители. Главниот предизвик со кој се соочува процесот на именување покрај оваа околина во која луѓето очекуваат преку партија да стигнат до висока позиција, е и недовербата дека именувањето во високата раководна служба е фер. Луѓето мислат дека патеката е политичката партија, па од тука во иднина подобрен процес на именување не неопходно значи дека кандидатите ќе имаат доверба дека може да бидат избрани како раководители , токму заради долгогодишната пракса на лошо именувања. Оттука Владата ќе треба да се потруди да ги убеди кандидатите да се пријавуваат. Сигурно е дека највисоките политички фигури( премиерот, министрите) а особено оние ка кој што ќе има огласи ќе треба да испратат јасни пораки на охрабрување до кандидатите пред секој оглас“.
Целиот настан може да го погледнете на следното видео:
https://www.youtube.com/watch?v=528XzJErD9Y