logo

Популистичкиот граѓанин: Зошто граѓаните поддржуваат популистички лидери и политики во Северна Македонија?

Share on facebook
Share on twitter

Оваа студија ја истражува општествената побарувачка за популистичките лидери и политики во Северна Македонија. Таа се стреми да го прошири сегашното разбирање за популизмот како закана за демократијата преку адресирање на недостатокот на податоци за овој феномен во неразвиените демократии. Имајќи го предвид генералното демократско назадување во регионот на Западен Балкан и зголемениот број популистички актери што ја преземаат власта или ја прошируваат нивната политичка моќ, ова истражување се обидува да разбере кои социјални, економски, културни и психолошки фактори ги поттикнуваат популистичките ставови кај населението во таков контекст.

Популистичките тенденции или ставови кај населението како можен фактор што придонесуваат за влошување на состојбата на демократијата не се опширно истражени во контекстот на Западен Балкан и Северна Македонија. Оваа студија ја пополнува таа празнина, ексклузивно фокусирајќи се на потенцијалот за популистичка политика меѓу населението. Имајќи ја предвид моменталната состојба на популизмот во регионот, со оваа студија ја нагласуваме важноста да се проучат причините за растечката поддршка за популистичките лидери и политики. Понатаму, со ова истражување придонесуваме во истражувањата за популизмот меѓу земјите кои интегрираат различни контексти и истражувања за многу аспекти на популизмот во различни делови од светот, овозможувајќи критички споредби во разбирањето на феномените. Како таква, оваа студија придонесува во литературата и научната дебата во полето на компаративната политика, демократијата и демократизацијата и популизмот.

Првата секција од студијата се фокусира на теориите и истражувањата врз кои оваа истражување е спроведено, а методолошкиот дизајн е наведен во втората секција. Во третата секција преку дескриптивна анализа ја измеривме тенденцијата на граѓаните да негуваат популистички чувства, додека четвртата секција нуди експлоративна анализа на анкетните податоци со цел разгледување на асоцијациите помеѓу зависната варијабла за поддршка на популизам и разновидните карактеристики на испитаниците. Петтата секција претставува регресиони анализи кои беа спроведени за да се овозможи емпириска проценка на главните фактори што влијаат во креирање на популистичките ставови меѓу граѓаните. На крај, врз основа на податоците добиени преку експлоративната анализа на податоците и регресионите анализи, авторите дискутираат можни „решенија“ за намалување на популистичкиот сентимент меѓу населението, зацврстување на критичкото мислење и поддршката на демократијата.

Целата студија може да ја прочитате тука:

Популистичкиот граѓанин: Зошто граѓаните поддржуваат популистички лидери и политики во Северна Македонија?

Поврзани објави