fbpx
logo

Корупција 2030: Стратешко планирање со антикорупциски институции и граѓански организации

Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје ја организираше втората работилница за стратешко планирање со институциите и граѓанските организации вклучени во борбата против корупцијата.

Со оваа работилница продолжи работната фаза од процесот на долгорочно стратешко планирање како институциите да се справат со современите предизвици кои ги носи борбата против корупцијата. Процесот вклучува преглед на постоечките стратегии и процедури за борба против корупцијата на институциите, како и клучните општествени процеси, фактори и актери кои ќе влијаат врз борбата против корупцијата до 2030 година.

На работилницата присуствува претставници на Државниот завод за ревизија, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Регулаторната комисија за енергетика, Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи и претставници на дел од организации членки на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.

Ова е втората од неколкуте предвидени работилници во рамки на проектот „Поттикнување на јавната дебата за антикорупција“ преку кој Институт за демократија ќе работи заедно со антикорупциските институции и граѓанското општество на креирање на планови за справување со предизвиците кои ги носи иднината на борбата против корупцијата.

Проектот „Поттикнување на јавната дебата за антикорупција“ цели кон поддржување на реформскиот процес во Северна Македонија преку зајакнување на реформската агенда во областа на владеењето на правото. Проектот е поддржан од Националниот фонд за демократија (National endowment for democracy – NED).

Поврзани објави