Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), во рамки на својот Центар за добро управување, отвара повик за вработување постар/а истражувач/ка со целосно работно време (40 часа неделно) и вклучени придонеси за период од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на времетраењето на ангажманот.
Потребни знаења и вештини:
- Tековни или завршени постдипломски студии од областите на општествените науки, како политологија, економија, социологија или право;
- Најмaлку 5 (пет) години работно искуство во најмалку едно релевантно подрачје, на пр. антикорупција, владеење на право, политичка економија и развој итн.
- Високо ниво на познавања на академско пишување и пишување документи за јавни политики;
- Високо ниво на познавања на квалитативни и квантитативни методи за истражување, и практично искуство;
- Високо ниво на познавања на софтверски алатки за обработка на податоци и визуелизација на податоци, и практично искуство;
- Одлично познавање на Office со посебен акцент на Excel;
- Напредни познавања за развивање проектни апликации, управување со проектен циклус и подготовка на наративни извештаи;
- Одлични вештини за застапување, комуникациски вештини и способност за работа во тим;
- Способност за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови;
- Одлично познавање на англиски јазик.
Работни обврски:
- Развивање истражувачки продукти, проектни апликации и спроведување тековни проекти;
- Редовно обезбедување податоци, анализи и извештаи за потребите на центарот, програмскиот директор и донаторите;
- Изработување документи за јавни политики;
- Раководење со истражувачки активности;
- Редовна и навремена соработка, и комуникација со останатите организациски единици на
Предност ќе имаат кандидати со високи познавања во теорија и пракса на процесот на носење политики и добри познавања за застапување политики, како и кандидати кои имаат искуство во раководење со проектен циклус. Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) во ЕУ формат (со вклучена листа од минимум 5 авторски и/или ко-авторски публикации, од кои минимум една иницијално пишувана на англиски јазик) и пропратно писмо на македонски јазик на адресата: contact@idscs.org.mk најдоцна до 15ти мај (недела – 23:59ч.) 2022 г. со назнака: Апликација за повик со бр.0401-196-1/22. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само претселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и интервју.
Погледнете го повикот тука:
Повик за вработување постар/а истражувач/ка