logo

Добри европски практики на следење и контрола на финансиското работење на политичките партии

Share on facebook
Share on twitter

Контролата на финансиското работење на политичките партии обезбедува законито користење на парите на партиите добиени преку членарините, донациите и јавното финансирање. Транспарентноста и законитоста при работата треба да осигурат дека партиите не дозволуваат финансирањето, особено приватното, да се користи за спроведување на лични интереси во практикување на политичката моќ. Истовремено, контролата над финансиите овозможува отчетност на партијата кон своите членови и донатори, но и навремена информираност на гласачите.

Во современите партиски системи постојат две фази на контрола. Првата фаза е внатрешна контрола и таа е во функција на внатрешна превенција од можни злоупотреби. Онаму каде што таа функционира ефикасно и независно, политичките партии го подобруваат својот интегритет, а со тоа и позитивната улога во општеството. Во последните 20 години во Европа, внатрешната контрола кај политичките партии станува значаен дел од подобрувањето на нивната работа. Втората фаза е надворешната контрола, која во последните две децении, исто така, е предмет на поголемите реформи во партиските системи. Таа вклучува формирање на посебни државни тела, или доделување на нови надлежности на постојните, со цел посуштинска контрола на работата на политичките партии. Во европските држави постојат три типови на институции кои го вршат надзорот над партиите: изборни, ревизорски или антикорупциски тела. Компаративните студии издвојуваат два примера – Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Латвија кои на своите контролни тела им доделиле најширока лепеза на надлежности, од испитување до санкционирање и едукација.

Целиот бриф за јавна политика може да го прочитате тука:

Добри европски практики на следење и контрола на финансиското работење на политичките партии

Поврзани објави