Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување, наменета за вработените во Собранието на Република Северна Македонија кои имаат интерес за професионално усовршување и развој преку обуки и курсеви. Овој повик за стипендирање на курсеви/обуки, ќе биде отворен во текот на целата година, додека процесот на селекција се реализира квартално.
Швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување – курсеви и обуки се реализира во рамките на Програмата за Парламентарна Поддршка, финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка преку Швајцарска Амбасада во Македонија и е администрирана од Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје.
Ги повикуваме заинтересираните вработени во Собранието на Република Северна Македонија, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат на повикот. Деталите за стипендијата, начинот на спроведување и постапката за аплицирање можете да ги најдете во програмата прикачена во прилог.
Апликацијата и сите документи од кои се состои потребно е да ја испратите на адресата на администраторот contact@idscs.org.mk со назнака Апликација за швајцарска стипендиска програма – курсеви и обуки. Нецелосните и апликациите нема да бидат земени предвид.
Следен циклус на евалуација на апликации и интервјуа со потенцијални стипендисти ќе биде организиран во периодот 25-29 април 2022 година. Во овој круг на евалуација ќе влезат апликациите пристигнати најдоцна до 15 април 2022 година.
Подетални информации можете да добиете на следните линкови:
Табела на студиски програми – курсеви и обуки
Апликација за професионален развој
Повик за програма за доделување стипендија – Курсеви и обуки