logo

Насоки за вклучување за намалувањето ризици од катастрофи на локално ниво

Share on facebook
Share on twitter

Со оглед на зголемениот број на катастрофалните настани што се случија на подрачјето на државата, последиците од пандемската криза на КОВИД-19, како и потенцијалните нови ризици и закани, се нагласува потребата од соодветно вклучување за намалувањето ризици од катастрофи на локално ниво. Целта на овие насоки за вклучување за намалувањето ризици од катастрофи на локално ниво е да ги постави основите за нивното интегрирање во стратешкото и развојното планирање на локално ниво со што ќе им се овозможи на единиците на локалната самоуправа да ги реализираат целите на одржливиот и отпорниот развој.

Во овој документ се дава преглед на тековната состојба за намалувањето на ризиците од катастрофи и поврзаноста и влијанието врз локалниот развој, врската помеѓу катастрофите и развојот, потребата од нивното вклучување, можностите и начините како тие да се интегрираат. Дефинирани се конкретни насоки и технички листи за практична интеграција со што ќе се поддржи и олесни процесот на интегрирање на локално ниво. Со ова ќе се овозможи единиците на локалната самоуправа полесно и поефикасно да ги остваруваат своите стратешки и развојни цели, придонесувајќи за нивниот отпорен развој. Во овој контекст важно е да се истакне дека овие насоки се први од ваков вид за вклучувањето за намалувањето ризици од катастрофи на локално ниво во поширокиот регион и го трасираат патот за подобро, поефикасно и поефективно локално стратешко и развојно планирање кое ќе биде усогласено со постојните ризици и опасности, новите закани, при што ќе се превенираат последиците од постојните опасности и ќе се ублажат последиците од новите и непредвидените, додека се води сметка сите граѓани на подрачјето на единиците на локалната самоуправа да бидат вклучени во локалните процеси на управувањето со ризикот од катастрофи.

Со цел практична примена на насоките, изработени се и три технички листи за проверка на вклучувањето за намалувањето ризици на локално ниво: Техничка листа за вклучувањето за намалувањето ризици од катастрофи во стратешките и развојните плански документи на локално ниво, Техничка листа за проверка на вклучувањето за намалувањето ризици од катастрофи во проектните интервенции за локален развој и Техничка листа за евалуација на вклучувањето за намалувањето ризици од катастрофи на локално ниво.

Прочитајте го целиот документ тука:

Насоки за вклучување за намалувањето ризици од катастрофи на локално ниво

Поврзани објави