Во октомври 2021 година се одржаа седмите по ред локални избори од осамостојувањето. Резултатите од двата изборни дена донесоа промена на локалната власт во голем дел од општините, вклучително и Град Скопје каде што на функција стапија нови градоначалници и членови на советите. Карактеристично за овие локални избори беше значително зголемениот фокус на прашања поврзани со заштитата на животната средина и секако локалниот одговор на пандемијата со КОВИД–19.
На изборите им претходеа и големи пожари низ повеќе локации во земјата кои нанесоа значителна штета. Одговорот на пожарите дополнително ги покажа ниските капацитети за справување, како на локално и на национално ниво, но и ја потенцира клучната улога на општините од аспект на реакција, но и превенција на овие појави. Овие случувања придонесоа граѓаните да ги зголемат своите очекувања од институциите да бидат подготвени да спречат вакви појави во иднина. Како рефлексија на овие случувања и зголемените очекувања на граѓаните, речиси сите политички партии во своите програми за локалните избори вклучија мерки и активности насочени кон подобрувања на капацитетите на општините во овие области.
Листата на наведени ветувања извлечени од програмите на победничките градоначалници, распределени според општини, вклучува општини, моментален градоначалник, политичка партија, предвидена мерка или активност во програмата. Во листата се наведени 40 единици на локалната самоуправа во кои градоначалниците, победници во своите предизборни програми, имаат предвидено мерки и активности во насока на зголемување на отпорноста.
Целта на листата е да им овозможи на граѓаните и на другите заинтересирани страни подобро да ги следат заложбите на локалната власт и да бараат отчетност преку сумирање на ветувањата дадени од страна на актуелните градоначалници во предизборните програми.
Прочитајте го целиот извештај тука:
Хартијата трпи сè: Што ветиле и колку ќе исполнат?