fbpx
logo

Повик за практикант/ка

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), во рамки на својата Практикантска програма, распишува оглас за практикант/ка со целосно работно време за период од 3 (три) месеци со можност за продолжување до 6 (шест) месеци. Практикантката/от ќе биде вклучен во работењето на Центрите во рамки на Институтот. Работните обврски се следни:

  • Анализа на јавни и пишување документи за јавни политики;
  • Истражување, собирање и обработка на податоци;
  • Поддршка на проектните менаџери при развивање на проектни апликации и спроведување на актуелните проекти на ИДСЦС;
  • Поддршка при организацијата на јавните настани на ИДСЦС;
  • Други административно-технички операции поврзани со работата на Институтот

 

Практикантскиот период ќе се спроведува почнувајќи од 10ти април 2022г. За својот ангажман практикантот ќе добива месечен надомест на трошоци за храна и превоз. Избраниот ќе добие и обука за спроведување на работните задачи и запознавање со внатрешните правила на Институтот.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) во ЕУ формат (Europass) и мотивациско писмо на македонски јазик на адресата: contact@idscs.org.mk со назнака Апликација за практикантска програма најдоцна до 3април (23:59ч) 2022г. Само предселектираните кандидат(к)и ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

 

Целиот повик може да го погледнете тука:

Повик за практикант/ка

Поврзани објави