logo

Прирачник за граѓани

Share on facebook
Share on twitter

Профилот на опасности во Република Северна Македонија се состои од природни и опасности предизвикани од човек, како што се: поплавите, земјотресите, екстремните температури, невремињата со бури проследени со град, сушите, свлечиштата, епидемиите и техничко-технолошките инциденти и катастрофи.

Најчести се поплавите со најголем интензитет и магнитуда, настаните поврзани со временските услови се во пораст со поголеми магнитуди, шумските пожари се зголемуваат по зачестеност и со последици по природата и биолошката разновидност, додека земјотресите имаат потенцијално најголемо влијание врз земјата и граѓаните во смисла на загуба на животи и долгорочни штети и загуби на општеството и локалните заедници.

На овој профил се надоврзува и пандемијата на КОВИД-19 при што општеството, локалните заедници и поединците се погодени на досега невиден начин, сериозно намалувајќи ја нивната отпорноста и зголемувајќи ги ранливостите и нееднаквостите во општеството.

Граѓаните се активни чинители во намалувањето на ризикот од катастрофи и се вклучени како дел од системот за заштита и спасување и учествуваат во спроведувањето на мерки и активности за заштита и спасување. Граѓаните треба да бидат свесни и подготвени да се справуваат со итните и катастрофалните состојби во рамките на своите знаења и можности.

Прочитајте го овој Прирачник кој има за цел да обезбеди совети и препораки за превенција, подготовка, одговор и опоравок од постоечките природни опасности и техничко-технолошките инциденти и несреќи на подрачјето на државата.

Кратката верзија на Прирачникот прочитајте ја тука:
Прирачник за граѓани

Албанската верзија на Прирачникот прочитајте ја тука:

MANUAL për qytetarët

Целосната верзија на Прирачникот прочитајте ја тука:

Прирачник за граѓани целосна верзија

Поврзани објави