logo

Модели на јавно финансирање на политички партии во развиените европски држави

Share on facebook
Share on twitter

Непреченото функционирање на политичките партии во демократските општества е условено од финансиски средства. За непречено дејствување на партиите и остварување на нивната основна цел – освојување на власт, управување со државата и спроведување на свои политики потребни се финансиски средства.

Националното законодавство го уредува финансирањето на партиите, а моделите на финансирање се разликуваат во секоја држава и се условени од социјалните и економските карактеристики, како и од демократската традиција на земјата. Застапени се, главно, три модели на обезбедување на финансии за политичките партии: приватно, јавно финансирање и комбинирање на двата модела (приватни и јавни извори).

Приватното финансирање претставува поврзување на партијата со граѓаните кои ги обезбедуваат средствата. Приватните финансии се добиваат преку членарина, донации и економски активности (во одредени случаи).

Членарината како еден од основните извори на партиското финансирање, којашто ја зајакнува врската на политичката партија со членовите. Донациите од приватни и правни лица се вториот начин на приватно финансирање и важно е да се утврди кој е донаторот и за што се користат добиените пари. Ваквите финансиски донации сериозно влијаат на јавната доверба и ризикот од влијанија на донаторот врз одлуките на партијата. Во некои држави, партиите може да вршат економски активности, како продажба или издавање под наем на својот имот.

Финансирањето на партиите со јавни средства е практика која се спроведува во многу земји. Тргнува од фактот дека партиите се неопходни за изборниот и демократскиот процес во земјата и има за цел да ги покрие дел од трошоците на политичките партии и да го намали притисокот од интересите на големите донатори. Јавните финансии се директни или индиректни. Директните финансии претставуваат парични средства коишто се исплаќаат на политичките партии по исполнувањето на одредени услови и критериуми пропишани од државата. Индиректното финансирање се врши преку низа поволности коишто политичките партии и кандидатите ги добиваат од државата.

Најчесто, присутни се три модели за распределба на финансиите од јавниот буџет кај партиите:

• со достигнување на одреден изборен праг;

• со пропорционална распределба според бројот на избрани претставници или процентот на освоени гласови, односно избрани претставници; и

• комбинација на двете.

Јавните средства кои ги добиваат партиите најчесто се наменети за изборна кампања, поддршка на тековни партиски активности или за остварување на партиските цели – засновани на нивните идејни принципи. Меѓутоа, во некои од државите државното финансирање има за цел и демократизација на партиите, целејќи со тие средства да се обезбеди вклучување на помалку застапени или маргинализирани групи во нивната работа. Партиите дел од своите капацитети и ресурси најчесто ги посветуваат на развој и унапредување на младите и жените и развој на истражувачки и научни центри, како и едукација на внатрешното членство.

Комбинираното финансирање на политичките партии – од јавни и од приватни финансии е честа појава кај државите од Европската Унија. Рамнотежата меѓу јавното и приватното финансирање ја намалува условеноста на партиите од еден извор на финансирање.

 

Целиот бриф за јавна политика може да го прочитате тука:

Модели на јавно финансирање на политички партии во развиените европски држави

Поврзани објави