logo

Сузбивање дезинформации во Северна Македонија: како Собранието да одговори на предизвикот?

Share on facebook
Share on twitter

Кампањите со дезинформации сѐ почесто ѝ се закануваат на демократијата на светско ниво. Со пандемијата на Ковид-19 уште повеќе се зголеми заканата, зашто дезинформациите и манипулациите со јавното мислење навлегуваат во полето на јавното здравје. Во Северна Македонија, заложбите за адресирање на дезинформациите се ограничени на неколку иницијативи со политики што ги води Владата, како и неформалните иницијативи на локалните и на меѓународните невладини чинители, додека Собранието и поширокото општество се многу малку вклучени.

Собранието во Северна Македонија во моментов има крајно ограничена улога во поглед на сузбивање дезинформации, а на оваа тема никогаш не е дебатирано во самото Собрание. Собранието е одговорно да бара отчетност од релевантните институции со тоа што ги остварува законодавните овластувања, го користи потенцијалот за меѓународна соработка и ја подига свесноста за негативните последици од дезинформациите, со што прашањето го поставува на национално ниво. Од суштинско значење е Собранието да заземе проактивен став за да го ограничи ширењето дезинформации.

Во овој бриф за јавна политика е даден краток преглед на контекстот на дезинформациите во Северна Македонија. Потоа е понуден увид во улогите на Собранието, Владата и медиумите во борбата против дезинформациите. Конечно, понудени се начини со кои ќе се унапреди улогата и придонесот на Собранието во сузбивањето дезинформации. Истражувањето се потпира на собирање и анализа на секундарни податоци преку преглед на литература, законодавство и меѓународни норми и практики, како и на примарни податоци, како што се интервјуа со релевантните засегнати страни од медиумите, Владата и останати државни институции. За да се направи емпириска проценка на релевантноста на претставените прашања во истражувањето ги употребивме и секундарните и примарните истражувачки податоци.

Прочитајте го целиот бриф за јавна политика тука:

Сузбивање дезинформации во Северна Македонија: како Собранието да одговори на предизвикот?

Поврзани објави