Со цел поуспешно справување со предизвиците на отпорноста, а врз основа на обврските кои општината ги има во пристапот на намалувањето на ризиците од катастрофи, пет општини во земјата донесоа Стратешки план за намалување ризици од катастрофи 2021 – 2025. Тековно се изработуваат планови за општините Кичево и Гостивар и Град Скопје.
Стратешките планови имаат за цел да го унапредат намалувањето на ризиците од катастрофи на локално ниво, во сегментот на превенција, подготвеност, одговор и опоравок од природни катастрофи. Плановите обезбедуваат стратешка рамка и пакет идентификувани краткорочни и среднорочни мерки и активности што ќе обезбедат понатамошно зајакнување на отпорноста на општините и граѓаните со цел градење долгорочна отпорност кон постоечките и новите ризици и опасности. Стратешките планови придонесуваат кон исполнување на Цел Е од Рамката за намалување ризици од катастрофи од Сендаи 2015 – 2030.
Стратешките планови се резултат на спроведена анализа, истражување, виртуелни консултации со заинтересираните страни од локално ниво, како и вградување на нивните перцепции за постоечката состојба, приоритетните области, потребите и очекувањата.
Стратешките планови се изработени во рамки на проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија“ кој цели кон зајакнување на стратешкото управување со кризи во осум избрани општини, и прикажување на процесот на развој на локални стратешки планови за намалување на ризици од несреќи и катастрофи. Проектот е финансиран од Обединетото Кралство, преку Британската Амбасада во Скопје.
Стратешки план за намалување ризици од катастрофи на Општина Конче 2021 – 2025
Усвоен од Советот на општина Конче на 31.05.2021
—
Стратешки план за намалување ризици од катастрофи на Општина Карбинци 2021 – 2025
Усвоен од Советот на општина Карбинци на 31.05.2021
—
Стратешки план за намалување ризици од катастрофи на Општина Кавадарци 2021 – 2025
Усвоен од Советот на општина Кавадарци на 01.07.2021
—
Стратешки план за намалување ризици од катастрофи на Општина Велес 2021 – 2025
Усвоен од Советот на општина Велес на 30.08.2021
—
Стратешки план за намалување ризици од катастрофи на Општина Маврово и Ростуше 2021 – 2025
Усвоен од Советот на општина Маврово и Ростуше на 30.09.2021