fbpx
logo

Корупцијата во 2030: Стратешко планирање со антикорупциските институции

Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје ја организираше првата работилница за стратешко планирање со институциите вклучени во борбата против корупцијата.

Со оваа работилница отпочна работната фаза од процесот на долгорочно стратешко планирање како институциите да се справат со современите предизвици кои ги носи борбата против корупцијата. Процесот вклучува преглед на постоечките стратегии и процедури за борба против корупцијата на институциите, како и клучните општествени процеси, фактори и актери кои ќе влијаат врз борбата против корупцијата до 2030 година.

На работилницата присуствува претставници на Инспекцискиот совет, Државниот завод за ревизија, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Државната комисија за спречување на корупцијата, Регулаторната комисија за енергетика, Царинската управа, Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи.

Ова е првата работилницата од неколкуте предвидени во рамки на проектот „Поттикнување на јавната дебата за антикорупција“ преку кој Институт за демократија ќе работи заедно со антикорупциските институции и граѓанското општество на креирање на планови за справување со предизвиците кои ги носи иднината на борбата против корупцијата.

Проектот „Поттикнување на јавната дебата за антикорупција“ цели кон поддржување на реформскиот процес во Северна Македонија преку зајакнување на реформската агенда во областа на владеењето на правото. Проектот е поддржан од Националниот фонд за демократија (National endowment for democracy – NED).

Поврзани објави