Институт за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС) и Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) ви го претставуваат второто дополнето издание на Прирачникот за локални избори во Република Северна Македонија 2021 година. Сите претходно подготвени прирачници за претседателски, парламентарни и локални избори можете да ги најдете на веб страната Изборна архива.
Прирачникот дава преглед за локалните избори 2021 година, историјата на локалните избори во земјата, изборниот систем, информации за кандидатите, резултатите, кампањата, финансиите и оценките од набљудувачите на изборите.
Изданието на Прирачникот е достапно на македонски, албански и англиски јазик и може да се
преземе бесплатно на следниве линкови:
Македонска верзија на прирачникот
Албанска верзија на прирачникот
Англиска верзија на прирачникот