logo

Отворен повик за собирач на податоци

Отворениот повик за собирач на податоци е во рамки на проектот „Промовирање на јавна дебата за антикорупција” (Fostering public debate on anti-corruption). Проектот е финансиран со помош од Националниот фонд за демократија (National endowment for democracy – NED), а имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот октомври 2021 – септември 2023 година.

 

Опис на проектот

Проектот „Промовирање на јавна дебата за антикорупција” вклучува активности за истражување и застапување со цел поддршка на реформскиот процес во Северна Македонија преку зајакнување на реформската агенда во областа на владеењето на правото, а за остварувањето на оваа цел проектот предвидува соработка и консултација со сите релевантни чинители во борбата против корупцијата.

Проектот цели заедно со антикорупциските институции да воспостави стратешка и долгорочна визија за развој на институциите со цел пресретнување на идните процеси и форми на корупција. Преку проектот, институциите и Институт за демократија ќе работат на преглед на клучните општествени процеси кои ќе влијаат во борбата против корупцијата до 2030 година, а врз основа на тоа ќе се изработат и планови како институциите да се справат со современите предизвиции кои ги носи борбата против корупцијата.

 

Работни обврски

– Собирање примарни и секундарни податоци за потребите на проектот;
– Внесување на податоците во однапред определен формат изработен од проектниот тим;
– Асистирање на останати истражувачки и административни задачи во координација со проектниот тим.

Во работата се очекува:
– Работа од 4 часа дневно (20 часа недело) во периодот помеѓу 9:30 и 16:30 часот, за активностите поврзани со проектот, во целиот период на ангажман;
– Почитување на зададените рокови од проектниот менаџер и истражувачите;
– Водење евиденција за работниот ангажман и доставување на истата до проектниот менаџер;
– Извршување на задачите, комуникација, и соработка со проектниот тим по хоризонтална и вертикална основа утврдена според проектот и внатрешните акти на ИДСЦС.

Потребни знаења и вештини:
– Искуство во собирање податоци и претходни истражувања во граѓанскиот сектор;
– Течно говорење и пишување на англиски јазик.

 

Работниот ангажман ќе се спроведува во период од 8 (осум) месеци, почнувајќи од 1 февруари до 30 септември 2022г., со можност за продолжување на ангажманот до 30 септември 2023 г. За својот ангажман собирачот на податоци ќе добива вкупен месечен надомест од 400 (четиристотини) американски долари во денарска противвредност, согласно курсот определен од донаторот.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) во ЕУ формат на македонски јазик на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за собирач на податоци – 0836 најдоцна до 13 јануари (понеделник – 23:59ч.) 2022г.

Целиот повик може да го погледнете тука:

Отворен повик за собирач на податоци

Одлука за избор на собирач на податоци 

Поврзани објави