fbpx
logo

Собрание 2020-2024: Кој ги претставува граѓаните?

Пратениците, според Уставот, ги претставуваат граѓаните во највисокиот законодавен орган, но анализата на јавното мислење на Институтот за демократија во 2021 година укажува дека за речиси една третина (29%) од испитаниците имињата на пратениците од нивната изборна единица се непознати, додека во 2020 година за дури 48% од испитаниците нивните пратеници беа непознати.

Оскудните профили на пратениците и пратеничките објавени на интернет страната на Собранието го отежнува пристапот до информации кои се клучни за запознавање на граѓаните со нивните претставници. Генерално биографиите на пратениците, како што се претставени пред јавноста на собраниската веб страна, не содржат доволно информации за граѓаните суштински да се запознаат со нивните претставници.

Во вакви случаи, податоците за своите пратеници граѓаните требаа да ги бараат по алтернативни извори на интернет, каде податоците не секогаш се целосни. 

 

Целосната анализа „Собрание 2020-2024: Кој ги претставува граѓаните?“ можете да ја погледнете тука:

Собрание 2020-2024: Кој ги претставува граѓаните?

Поврзани објави