Отворениот повик за дизајн и спроведување на симулациска вежба е во рамки на проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија” (Improved capacity for crisis response in municipalities in North Macedonia) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС).
Опис на работата
Симулациската (штабска) вежба (Tabletop exercise) која ќе треба да се спроведе со овој повик треба практично да ја утврди поставеноста, начините на одлучување, нивото на координација, нивото на материјалните капацитети (возила, машини, персонал), и практичните предизвици на локално ниво при управувањето на ризици од несреќи и катастрофи. Дополнително, вежбата има за цел да придонесе кон подигање на свеста кај локалните и централните власти како и граѓаните за потребата од добро управување. Вежбата ќе се одржи и ќе ги симулира состојбите на една општина во земјата преку директно учество на клучните чинители во општината.
Избраниот понудувач ќе треба да изработи сценарио и да спроведе еднодневна вежба која ќе симулира управување со предизвик на локално ниво. Вежбата треба да се спроведе со активно учество на различните чинители во општината во ж согласност со нивните ингеренции и да ги има во предвид моменталните капацитети. Дополнително на сценариото и спроведувањето на вежбата, понудувачот треба да изработи евалуација на вежбата со заклучоци и наменски препораки за подобрување на управувањето со ризици во општината врз основа на сознанијата стекнати за време на вежбата.
Вежбата ќе се одржи во канцелариски услови (Tabletop exercise). Ангажманот ќе вклучува тесна соработка со проектниот тим и комуникацискиот офицер на проектот кој ќе ја избере општината во која ќе се спроведе симулациската вежба.
Испораки
- 1 (едно) сценарио за симулациска вежба (Tabletop exercise) врз основа на утврден профил на опасност во општината со јасно определени улоги на различни чинители врз основа на утврдените ингеренции;
- Минимум 2 (две) консултациски средби на терен (средбите може да се одржат онлајн во зависност од состојбата со пандемијата на Ковид – 19);
- Еднодневна симулациска вежба во општина во Република Северна Македонија (исклучиво со физичко присуство на понудувачот);
- 1 (еден) краток документ за политики (најмногу 10 страници) со заклучоци и препораки до општината;
Сите активности ќе бидат имплементирани во координација со проектниот тим на ИДСЦС. Работен јазик на овој ангажман е македонски. Трошоците за теренските посети ќе бидат покриени од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје.
Временска рамка
- Започнување на координација со проектниот тим на ИДСЦС до 15 јануари 2022г.
- Одржување на теренски консултации до 15 февруари 2022г.
- Одржување на вежбата до 10 март 2022г.
- Доставување на краток документ за политики (најмногу 10 страници) со заклучоци и препораки до општината до 25 март 2022г.
Надомест
Вкупниот надомест за извршените услуги не ја надминува сумата од 238 000 (двесте триесет и осум илјади) денари.
Проектот е ослободен од плаќање на ДДВ (Потврда од Секретаријат за европски прашања бр. 07/12-20/5731; Решение за регистрација на даночен обрврзник од УЈП бр. 27-78-784) со што понудувачот е должен да обезбеди понуда која не вклучува ДДВ.
Доколку се работи за понуда од физичко лице, во рамки на горенаведената сума потребно е да се пресмета и персоналниот данок.
Достава на апликација
Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Понуда за дизајн и спроведување на симулациска вежба, не подоцна од 17 јануари (понеделник) (23:59ч.) 2022г. ИДСЦС ќе го извести избраниот апликант не подоцна од 15 јануари 2022г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.
Целиот повик може да го погледнете тука:
Повик за услуги – дизајн и спроведување на симулациска вежба
Одлука за избор на понуда за дизајн и спроведување на симулациска вежба