logo

Новиот американски влог во борбата против корупцијата во Северна Македонија

Share on facebook
Share on twitter

 

Во земјите во развој, како што е Северна Македонија, билатералната соработка и поддршката од стратешките партнери се од клучно значење за ефективна борба против корупцијата. Клучен актер тука се и САД кои преку политичка, финансиска и административна помош ги поддржуваат овие процеси.

Од воспоставувањето на билатералните односи во 1995 година, САД во Северна Македонија, меѓу другото, го поддржува зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото и борбата против корупцијата и дискриминацијата. Оваа година новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, и неговата администрација ја издигнаа борбата против корупцијата меѓу главните приоритети на нивната политика кон Северна Македонија и Западен Балкан.

Владата на САД донесе неколку одлуки и извештаи што го потенцираат негативното влијание на корупцијата врз повеќето параметри на економски и општествен развој во државата и предвидуваат конкретни чекори за справување со проблемот. Дополнително, борбата против корупцијата ќе биде и еден од главните столбови на Самитот на демократии, иницијатива на Претседателот Џо Бајден, каде што ќе учествува и нашата земја. Зголемениот фокус на овие теми истовремено означува и нова динамика во односот на САД со сите институции, граѓански и меѓународни организации во земјата што работат на справување со корупцијата, но и одредени очекувања од нивниот перформанс.

Овој краток документ за јавни политики нуди преглед врз новите меѓународни политики на САД за справување со корупцијата и нивното влијание врз македонските антикорупциски напори и институции.

Целиот документ за јавни политики на македонски јазик може да го прочитате тука:

Новиот американски влог во борбата против корупцијата во Северна Македонија

Целиот документ за јавни политики на албански јазик може да го прочитате тука:

Investimi i ri amerikan në luftën kundër korrupsionit në Maqedoninë e Veriut

Целиот документ за јавни политики на англиски јазик може да го прочитате тука:

Renewed U.S. Contribution to the Fight Against Corruption in North Macedonia

Поврзани објави