Отворениот повик за подготовка на видео е во рамки на проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија” (Improved capacity for crisis response in municipalities in North Macedonia) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС).
Опис на работата
Видеото кое треба да се изработи, е дел од кампања која ќе има цел да ги доближи резултатите од проектот до граѓаните и да придонесе кон подигање на свеста за значајноста на улогата на општините при справување со кризи. Избраниот понудувач ќе треба да изработи видео во должина од 180 до 210 секунди преку кое ќе се претстават наодите од спроведените анализи и собраните податоци во перидот на имплементација на проектните активности. Видеото треба да биде прилагодено за споделување на социјални медиуми и тв, и изработено во соодветни формати.
Ангажманот вклучува постојана комуникација со проектниот тим и комуникацискиот офицер на проектот, кој ќе ги селектира подготвените наоди, препораки и информации.
Испораки
- 1 (едно) видео со нарација на македонски јазик (со вклучени титлови) во должина од 180 до 210 секунди во HD 1080p квалитет;
- 1 (едно) видео со титлови на албански јазик врз основа на видеото и нарацијата од претходната точка;
- 1 (една) кратка веризја во должина од 30 секунди од видеото на македонски јазик;
- 1 (една) кратка веризја во должина од 30 секунди од видеото на албански јазик.
Сите активности ќе бидат имплементирани во координација со проектниот тим на ИДСЦС. Работен јазик на овој ангажман е македонски.
Временска рамка
- Координативни состаноци и почеток со работа на видеото од 18 октомври 2021г;
- Достава на пред-финален продукт до 05 ноември 2021г;
- Достава на финален продукт со вклучени коментари до 12 ноември 2021г.
Надомест
Вкупниот, бруто, надомест за извршените услуги не смее да ја надминува сумата од 136 000 (сто триесет и шест илјади) денари. Проектот е ослободен од плаќање на ДДВ (Потврда од Секретаријат за европски прашања бр. 07/12-20/5731; Решение за регистрација на даночен обрврзник од УЈП бр. 27-78-784) со што понудувачот е должен да обезбеди понуда која не вклучува ДДВ.
Доколку се работи за понуда од физичко лице, во рамки на горенаведената сума потребно е да се пресмета и персоналниот данок.
Достава на апликација
Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk, не подоцна од 12 октомври (четврток) (23:59ч.) 2021г со назнака Понуда за изработка на видео. ИДСЦС ќе го извести избраниот кандидат не подоцна од 15 октомври (петок) 2021г.
Целиот повик може да го погледнете тука:
Отворен повик за изработка на видео
Одлука за избор на добавувач на видео