Институт за демократија на 13 и 14 јули ја одржа обуката „Информирани пратеници-отчетни институции” наменета за стручните служби на антикорупциските институции.

Целта на обуката беше зајакнување на капацитетите за известување за борбата против корупција на стручните службеници во Државниот завод за ревизија, Инспекцискиот совет, Државната комисија за спречување на корупцијата и Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Темите се фокусираа на подобрување на информирањето за корупцијата до Собранието, алатки за истражување на корупцијата, вклучување на истражувања од граѓански организации во известувањето на институциите како и подготовка на евалуациски рамки и меморандуми за јавни политики.

Обуката е дел од проектот „Антикорупциски разговори во Парламентот“,  кој има за цел да го поддржи реформскиот процес во Северна Македонија, преку зајакнување на надзорната улога на Парламентот во однос на антикорупцијата. Проектот е поддржан од Националниот фонд за демократија (National Endowment for Democracy – NED).