Видеото кое ќе треба да се изработи со овој повик е во рамки на кампања која ќе има цел да ги доближи резултатите од проектот  „Антикорупциски разговори во Парламент” до граѓаните и да придонесе кон подигање на свеста за надзорната улога на Парламентот во борбата против корупцијата. Избраниот понудувач ќе треба да изработи анимирано видео во должина од 60 до 120 секунди преку кое ќе се претстават наодите од спроведените анализи и собраните податоци во перидот на имплементација на проектните активности. Видеото ќе биде потребно да содржи креативни илустрации и анимации кои на поедноставен и визуелно привлечен начин ќе ги презентираат наодите од проектот.

Делокруг на работа

  • Разработка на креативен и идеен концепт кој ќе ги претстави наодите и комуникациските пораки на достапен начин;
  • Подготовка (снимање, анимација, едитирање, аудио продукција) на анимирано видео со нарација и титл;
  • Подготовка на синхронизација и титл на албански јазик со превод доставен од ИДСЦС;
  • Одржување состаноци со проектниот тим и комуникацискиот офицер и вклучување на потенцијалните коментари;
  • Спроведување на правилата за видливост на донаторот во соработка со проектниот тим.

Испораки

  • 1 (едно) анимирано видео со нарација и титл на македонски јазик во должина од 60 до 120 секунди во HD 1080p квалитет;
  • 1 (едно) синхронизирано анимирано видео со нарација и титл на албански јазик во должина од 60 до 120 секунди во HD 1080p квалитет, врз основа на видеото и нарацијата од претходната точка.

Сите активности ќе бидат имплементирани во координација со проектниот тим на ИДСЦС. Работен јазик на овој ангажман е македонски.

 

Достава на апликација

Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Понуда за изработка на анимирано видео, не подоцна од 23 јули (петок, 23:59ч.) 2021г. ИДСЦС ќе го извести избраниот апликант не подоцна од 28 јули 2021г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

 

Целиот повик може да го погледнете тука:

Повик за изработка на анимирано видео