logo

Застапување на интересите на граѓаните од страна на пратениците – вистина или мит

Share on facebook
Share on twitter

 

Според бројките од теренските анкети спроведени во периодот од 2018 до 2021 година од страна на Институтот за демократија (ИДСЦС) во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), се утврдува дека граѓаните сметаат дека нивните интереси не секогаш се застапени во претставничкиот дом. Оваа компаративна анализа на податоците добиени од годишната анкета на ИДСЦС за работата на Собранието е со цел да утврди дали постои одредена промена во ставот на граѓаните низ годините.

Генерално, перцепцијата на граѓаните е дека пратениците често ги претставуваат личните интереси, иако оваа перцепција се менува и бележи намалување. Односно, во 2019 година, 78% од испитаниците сметале дека политичарите секогаш ги застапуваат личните интереси, додека во 2021 процентот на граѓаните кои мислат така, се намалува и изнесува 70%. Кога станува збор за застапувањето на интересите на граѓаните, според податоците од теренските анкети од 2018 до 2021 година, граѓаните сметаат дека пратениците не секогаш ги претставиле интересите на граѓаните во Собранието. Во 2018 година само 10% од испитаниците сметале дека пратениците секогаш ги застапуваат нивните (граѓанските) интереси. Овој мал процент бележи пад во 2019 година кога изнесува 7%, додека во 2020 само 6% од граѓаните сметале дека пратениците секогаш ги застапуваат нивните интереси.

Ниската доверба на граѓаните дека нивните пратеници ги застапуваат нивните интереси во претставничкиот дом, се коси со една од поважните пратенички улоги, како „народни избраници“.

Компаративна анализа можете да ја прочитате тука:

Застапување на интересите на граѓаните од страна на пратениците – вистина или мит

Поврзани објави