Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување, наменета за вработените во Собранието на Република Северна Македонија кои имаат интерес за професионално усовршување и развој преку обуки и курсеви. Овој повик за стипендирање на курсеви/обуки, ќе биде отворен во текот на целата година, додека процесот на селекција се реализира квартално.

Швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување – курсеви и обуки се реализира во рамките на Програмата за Парламентарна Поддршка, финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка преку Швајцарска Амбасада во Македонија и е администрирана од Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје.

Ги повикуваме заинтересираните вработени во Собранието на Република Северна Македонија, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат на повикот. Деталите за стипендијата, начинот на спроведување и постапката за аплицирање можете да ги најдете во програмата прикачена во прилог.

Апликацијата и сите документи од кои се состои потребно е да ја испратите на адресата на администраторот contact@idscs.org.mk со назнака Апликација за швајцарска стипендиска програма. Нецелосните и апликациите нема да бидат земени предвид. Доколку имате потреба од дополнителни информации, ве молам контактирајте не на aleksandra@idscs.org.mk.

Подетални информации можете да добиете на следните линкови:

Табела на студиски програми – курсеви и обуки

Апликација за професионален развој

Повик за програма за доделување стипендија – Курсеви и обуки