Во периодот 17-20 мај, Институт за демократија ја одржа обуката „Информирани пратеници, отчетни институции“ со цел зајакнување на капацитетите на Собранието за борба против корупција.

На обуката присуствуваа асистентите на пратеничките групи, вработените во Парламентарниот институт и Буџетската канцеларија при Собранието, а со цел нивно запознавање со процесите и алатките за борба против корупција. Фокусот на обуката беше ставен врз зајакнување на нивните капацитети за информирање на пратениците за борбата против корупција, преку обработка на нивоа на анализа на корупцијата, алатки за сумирање извештаи од институциите и пишување и застапување кај одлучувачи.

Обуката е дел од проектот „Антикорупциски разговори во Парламентот“,  кој има за цел да го поддржи реформскиот процес во Северна Македонија, преку зајакнување на надзорната улога на Парламентот во однос на антикорупцијата. Проектот е поддржан од Националниот фонд за демократија (National Endowment for Democracy – NED).