Институт за демократија во рамки на проектот „Антикорупциски разговори во Парламентот“ одржа неколку средби со претставници на Државниот завод за ревизија, Инспекцискиот совет, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Државната комисија за спречување на корупцијата и членовите на собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Учесниците дискутираа за можностите за зајакнување на институционалните капацитети и подобрување на регулаторната околина на нивното дејствување, потребните инвестиции во борбата против корупцијата, како и подобрување на меѓусебната координација со цел обезбедување на заеднички пристап во борбата против корупцијата.

Проектот „Антикорупциски разговори во Парламентот“ е поддржан од Националниот фонд за демократија и цели кон зајакнување на надзорната улога на Собранието во борбата против корупцијата и владеењето на правото, а за остварувањето на оваа цел предвидена e соработка и консултација со сите релевантни чинители како би се вложиле заеднички напори и заложби за обезбедување ефикасен систем за борба против корупција.