Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје денеска имаше задоволство да организира затворена работилница со која го најави „Инструментот за соработка на тинк-тенк организациите од Западен Балкан -Think Balkans“, дел од истоимениот проект, финансиски поддржан од Меѓународниот фонд на Вишеград.

Врз основа на добрите практики на Think Visegrad, претставниците на тинк-тенк заедницата и министерствата за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, Вишеградската група и Словенија, како и претставници на Меѓународниот фонд на Вишеград и Фондот за Западен Балкан разговараа за идната соработката помеѓу тинк-тенк заедницата и министерствата за надворешени работи во Западен Балкан.

Сите претставници се заложија за посилна и стратешка соработка, изразувајќи ја спремноста за поголема регионална сопственост на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. Покрај министерствата за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, инструментот доби поддршка од полското МНР, земја-претседавач со претседателството на Вишеград 2020/21, како и словенечкото МНР, земја-претседавач со Советот на Европската унија во втората половина на 2021 година.