Отворениот повик за набавка на промотивни материјали е во рамки на проектот „Антикорупциска едукација за ученици од средно образование“ финансиран со помош од Амбасадата на Холандија во Скопје, имплементиран од Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС).

За проектот: Проектот „Антикорупциска едукација за ученици од средно образование“ е двегодишен проект на Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје во партнерство со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а во соработка со Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образование (БРО). Проектот цели кон ефикасно и ефективно едуцирање на младите за корупцијата како појава, формите во кои се јавува и начините за ефикасна борба против неа во рамки на формалното образование.

Производи за испорака

Преку повикот ќе се набави поголема количина на промотивни материјали (по 500 единици од секој производ) кои ќе бидат брендирани и испратени до ученици во средните училишта во неколку градови од државата. Производите кои што се бараат се:

  • Керамички чаши – х500
  • Спортски шишиња – х500
  • Мемо стикери/ Малечки тефтери – х500
  • Ранци/Торби – х500
  • USB-а – х500
  • Кутии во кои ќе може да се спакуваат сите производи – х500
  • Прилагодување на дизајнот во димензија соодветна за печатење

Понудата треба да содржи димензии на сите производи со цел прилагодување на брендирањето. Дизајнот ќе биде во целост доставен од Нарачателот, печатењето го обезбедува добавувачот.

Временска рамка

 Производите наведени во повикот треба да бидат испорачани најдоцна до 20 јануари, 2021 година.

Надомест

Вкупниот надомест за испорачаните производи не ја надминува бруто сумата од 7772 евра во денарска противвредност (со вклучен ДДВ).

Достава на апликација

Апликацијата (тековна состојба и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за набавка на промотивни материјали 0507-418/20, не подоцна од 16ти декември (среда – 23:59ч.) 2020г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. За било какви прашања поврзани со повикот обратете се на: sara@idscs.org.mk.

Целиот повик може да го погледнете тука:

Повик за набавка на промотивни материјали

Одлука за избор на добавувач на промотивни материјали