Отворениот повик за експерт(ка) за управување со кризи е во рамки на проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија” (Improved capacity for crisis response in municipalities in North Macedonia) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство, а имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС).

 Делокруг на работа 

  1. Анализа на правната и институционалната поставеност на системот на управување со кризи, улогата на општините која ја предвидува, и идентификација на системските празнини и предизвици.
  2. Истражување на импликациите на кризата предизвикана од Ковид-19 врз функционирањето на општините, испораката на услугите до граѓаните, и преземените чекори за справување со кризата на локално ниво.
  3. Компаративен преглед на системите за управување со кризи и искуствата од справувањето со кризата предизвикана од Ковид-19 на локално ниво во останатите земји.
  4. Истражување на институционалната поставеност, ризиците и проблемите со кои општините се соочуваат во справувањето со кризи, одлуките на општините кои се најподложни на влијание од кризи, како и начините на кои граѓаните можат да придонесат во превенцијата на кризи.
  5. Учество на работилници состаноци организирани од проектниот тим, по претходна координација со проектниот тим.
  6. Тековно советување на проектниот тим (6-8 консултациски денови од ангажманот).

Вкупниот период на експертски ангажман изнесува 24 денови. Набавката е делива.

Сите активности ќе бидат имплементирани во координација со проектниот тим на ИДСЦС. Работни јазици на овој ангажман се македонски и англиски јазик.

 

Испораки:

  1. Евиденција на работниот ангажман во формат зададен од ИДСЦС за периодот за кој е ангажиран експертот;
  2. Студија на јавни политики (произлезена од активностите 2.I – 2.IIII);
  3. Прирачник за граѓани (произлезен од активноста 2.IV);
  4. Советување по потреба

Временска рамка

Консултантските денови ќе бидат распределени во периодот меѓу декември 2020 и декември 2021 година, во координација со проектниот тим.

Надомест

За извршените услуги на добавувачот/добавувачите ќе биде надоместен вкупен бруто износ од 6 000 (шест илјади) фунти во денарска противвредност.

Достава на апликација

Апликацијата (професионално резиме и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk и misha@idscs.org.mk (задолжително на двете адреси)  со наслов: Апликација за експерт/ка за управување со кризи шифра 0832, не подоцна од  13ти декември (недела, 23:59ч.) 2020 година.  Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само предселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Доколку се појави потреба од дополнителни информации во врска со повикот ИДСЦС ќе организира онлајн информативна сесија со кандидатите, пет дена пред затворањето на повикот.

Целиот повик можете да го погледнете тука:

Отворен повик за експерт(ка) за управување со кризи

Одлука за избор за експерт(ка) за управување со крииз