Отворениот повик за експерт за стратешко планирање е во рамки на проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија” (Improved capacity for crisis response in municipalities in North Macedonia) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство, а имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС).

Делокруг на работа 

  1. Анализа на стратешките документи за управување со кризи на национално и локално ниво;
  2. Анализа на практичните импликации на документите;
  3. Анализа на реалните состојби во управувањето со кризи на осум општини селектирани од проектниот тим;
  4. Фасилитирање на консултативни процеси со селектираните општини со цел поддршка во изработката на стратегии, планови и процедури за управување со кризи;
  5. Тековно советување на проектниот тим и консултант за кризен менаџмент (минимум пет консултациски дена од ангажманот).

Вкупниот период на експертски ангажман изнесува 50 дена од кои што експертот/ите се должен да одвои минимум пет дена за консултации со проектниот тим. Набавката е делива.

Сите активности ќе бидат имплементирани во координација со проектниот тим на ИДСЦС. Работни јазици на овој ангажман се македонски и англиски јазик.

Испораки: 

  1. Фасилитирање на 8 (осум) еднодневни сесии за стратешко планирање (период: јануари – февруари 2021);
  2. Учество на најмалку еднодневни 8 (осум) консултативни средби со општини;
  3. Стратешки планови за управување со кризи за осум општини;
  4. Фасилитирање на 8 (осум) еднодневни сесии за стратешко планирање (период: април – август 2021);
  5. Обрасци и хоризонтални насоки за стратешко планирање за управување со кризи за останатите општини;
  6. Eвиденција на работниот ангажман во формат зададен од ИДСЦС за периодот за кој е ангажиран експертот.

 Временска рамка

Консултантските денови ќе бидат распределени во периодот меѓу јануари 2020 до февруари 2021 година, во координација со проектниот тим.

Надомест

За извршените услуги на експертот ќе му биде надоместен вкупен бруто износ од 12.500 (дванаесет илјади и петстотини) фунти во денарска противвредност.

Достава на апликација

Апликацијата (професионално резиме и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk и misha@idscs.org.mk (задолжително на двете адреси) со наслов: Апликација за експерт за стратешко планирање шифра 0832, не подоцна од 13ти декември (недела, 23:59ч.) 2020 година.  Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само предселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Доколку се појави потреба од дополнителни информации во врска со повикот ИДСЦС ќе организира онлајн информативна сесија со кандидатите, пет дена пред затворањето на повикот.

Целиот повик можете да го погледнете тука:

Отворен повик за експерт за стратешко планирање

Одлука за избор на експерт за стратешко планирање