Отворениот повик за промотивни услуги е во рамки на проектот (Improved capacity for crisis response in municipalities in North Macedonia) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство, имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС).

Опис на проектот

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје ќе им помага на општините во Северна Македонија во развојот на стратегии и планови за превенција и управување со кризи.

Целта на проектот е да се зајакне стратешкото управување со кризи во неколку избрани општини, и да се прикаже на процесот на развој на стратегии за подготвеност и управување со кризи на остатокот од општините во државата.

Делокруг на работа

Ангажманот во рамки на повикот предвидува промоција на неколку типа продукти поврзани со различни резултати од проектот. Производите за промоција ќе бидат во целост доставени од проектниот тим. Присуството во традиционалните и дигиталните медиуми ќе биде преку сумирање и поедноставување на наодите на проектот за истите да се доближат до засегнатите страни и јавноста.

Испораки

Промовирани: 19 (деветнаесет) инфографици и 1 (едно) анимирано видео.

Временска рамка

Испорака на услугите ќе се случува во временската рамка: од ноември 2020г. до март 2022г. Поединечните временски рокови за секој производ одделно ќе бидат тековно договорени меѓу ИДСЦС и понудувачот.

Достава на апликација

Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk  со наслов: Апликација за промотивни услуги, шифра 0832 не подоцна од 2 декември 2020г. (Вторник, 23:59ч.). За било какви прашања поврзани со повикот, обратете се на следниот e-mail: sara@idscs.org.mk

Ќе бидат контактирани само понудувачите кои ја поминале фазата на предселекција.

Целиот повик може да го прочитате тука:

Повик за промотивни услуги за проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините”

Одлука за избор на промотивни услуги