Отворениот повик за промотивни услуги е во рамки проектот на „Набљудување за назначувања засновани на заслуги во високата раководна служба на Северна Македонија” – (Monitoring for merit based appointments in senior civil service in North Macedonia) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство имплементиран од Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот октомври 2020 до март 2021.

Опис на проектот

Институт за демократија „Социетас цивилис” – Скопје (ИДСЦС) ќе ја набљудува транспарентноста и конкурентноста во назначувањата на високата раководна служба во Северна Македонија и ќе изврши проценка дали тие се засновани на заслуги и се во согласност со принципите наведени во предлог Законот за висока раководна служба.

Делокруг на работа

Потребно е спроведување на медиумска кампања која ќе обезбеди присуството во традиционалните и дигиталните медиуми на комуникациските продукти.

Целта на промоцијата е да ги запознае заинтересираните страни и јавноста со правните аспекти и недоследностите во однос на регулативата кога станува збор за правните аспекти на селекција и компетенции на висока раководна служба.

Производи за промоција:

  • 18 (осумнаесет) медиумски промоции на инфографици и банери  (Финалниот комуникациски продукт во целост го обезбедува ИДСЦС, агенцијата ја спроведува само промоцијата)
  • 2 (две) радио кампањи (Финалниот комуникациски продукт во целост го обезбедува и спроведува агенцијата во консултација со ИДСЦС).
  • 2 (два) блога (Финалниот комуникациски продукт во целост го обезбедува и спроведува агенцијата во консултација со ИДСЦС).

Временска рамка

Испорака на услугите ќе се случува во временската рамка: од 1ви декември 2020г. до 10 март 2021г.; Поединечните временски рокови за секој производ одделно ќе биде тековно договорен меѓу ИДСЦС и понудувачот.

Достава нa апликација

Апликацијата (професионално резиме и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за промотивни услуги, шифра 0833, не подоцна од 29ти ноември (недела) (23:59ч.) 2020г. ИДСЦС ќе го извести избраниот кандидат не подоцна од 4ти декември 2020г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само предселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Целиот повик може да го погледнете тука:

Отворен повик за промотивни услуги за проектот „Набљудување за назначувања засновани на заслуги во високата раководна служба на Северна Македонија”